ПРОВЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (15 – 21 МАЈ 2017)

Овен: И покрај сите непријатни ситуации кои ќе ви се случуваат оваа недела, сепак љубовта ќе ве исполни и ќе ви донесе радост и оптимизам. Поради важни ситуации во вашиот живот, можно е да бидете принудени да направите големи трошоци. Внимавајте на здравјето, посебно на стомачните проблеми, кои секојдневно ги имате, а притоа ви створаат внатрешна нервоза.

Бик: Оваа недела ќе имате голема потреба за вкусни јадења. Но, внимавајте, тоа може да се одрази и на вашата тежина, за која во последен период не размислувавте многу. Неодлучноста за некоја стара врска ќе ве исцрпува многу, бидејќи еднен дел од вас очајно сака да му се врати на бившиот партнер, а друг дел размислува за лошите случувања во минатото.

Близнаци

Неделава искористете ја за извршување на секојдневните обврски, бидејќи премногу се релаксиравте за празниците. Средбата so вашиот поранешен партнер не сфаќајте ја премногу сериозно, не дозволувајте тоа да ве растревожи. Среда е вашиот среќен ден, па пробајте си ја среќата во игрите на среќа. Кон крајот на неделата очекувајте средба во важна личност од спротивниот пол.

Рак

Конечно се ослободивте од тоа што ви претставува товар. Ви претстои недела исполнета со многу насмевки и сатисфакција. За време на викендот искористете го вашиот шарм кој го поседувате,  и одговорете на поканите за забави кои ќе ги добиете. За оние кои не се во врска, ги очекуваат многу изненадувања.

Лав

Запаметете ја добро оваа недела, бидејќи ќе бидете среќни во секој момент. Венера ќе ви донесе насмевка на лицето, оптимизам и желба за уживање. токму тој оптимизам кој ќе ве обземе, ќе направи да имате големи успеси и на професионално и финансиско поле. Љубовта ви се нуди на сите страни, а на вас останува да го изберете она што најмногу ви одговара. Препорачливи ви се водените знаци како: рак, шкорпија или риби.

Девица

Овој понеделник ќе бидете премногу чувствителни, посебно ако скоро сте се разделиле со саканата личност. Не ги толкувајте негативно сите информации кои ќе ги добиете за таа личност, и воопшто не размислувајте за тоа. Мислете позитивно, и набрзо ќе следи нов почеток. Бидете активни и правете работи кои ве развеселуваат.

Вага

Оваа недела ве очекуват многу напнати ситуации и проблеми на работа, па затоа бидете подготвени на сѐ. Можеби претпоставените и колегите ќе ви одат на нерви, но потрудете се да останете смирени. Пробајте после завршувањето на работното време да се опуштите со нешто што ве релаксира, на пример со некој спа третман. Доколку сте во врска, очекувајте понуда за брак.

Шкорпија

Упорните и добронамерните совети за здравиот начин на живот од страна на некоја личност која ја почитувате ќе предизвика голем отпор. Токму туѓите инсистирања ќе направат да почнете да размислувате за некои лоши навики, за кои сте свесни дека неповолно влијаат на вашата виталност. Неделава, Венера ќе ви донесе возбудливи изненадувања, бидете спремни.

Стрелец

Ви следи некое позитивно влијаните од страна на Јупитер, кое ќе ве натера да го обновите контаткот со неколку стари пријатели. Ова посебно ќе ве радува, па неделата ќе ви помине во знакот на пријателствата. Доколку добро се релаксиравте за време на празниците, време е повторно да ги извршувате секојдневните обврски на време. Очекувајте пријатни мигови со партнерот.

Јарец

На почетокот на оваа недела, сите проблеми и незадоволства ќе ги решавате со неконтролиран апетит. Соочете се со реалноста, каква и да е, бидејќи подобро ќе се чувствувате. Од средина на неделата, ќе почнете да го стабилизирате овој апетит. Оваа недела не ви е поволна од финансиски аспект, па затоа размислете пред да направите поголеми трошоци.

Водолија

Во неделата која ви претстои, ќе се трудите да им докажете на сите колку можете, а притоа не бирајќи го начинот на кој ќе го спроведете тоа. Докажувањето дека можете добро да поднесете поголема количина на алкохол или мрсна храна, само вас ќе ве загрози, а притоа и ќе оставите впечаток на незрела личност. Меркур ви дава можност за позитивни промени, доколку конечно се договорите сами со себе.

Риби

Оваа недела очекувајте понуда на ново, подобро работно место, или пак покачување на платата. Што се однесува на љубовта, работите не се одвиваат онака како што треба. Доколку чувствувате монотонија во вашиот брак или долга врска, тогаш разговарајте со партнерот и кажете му ги вашите незадоволства, но направете го тоа во ден кој ќе биде поволен за тоа.

loading...

КОМЕНТАРИ