Предизвикот за победа е поголем кога се игра со постари

- Категорија: Спорт

Пет девојки од Ново Лисиче Вардар во Вардар Јуниор лигата се натпреваруваат во две старосни категории, со нивните врснички во 2004/2005 и со постарите 2002/2003 година, што им овозможува да стекнат повеќе знаење и да вложат повеќе труд за да стигнат на повисоко ниво на игра.

Вардар Јуниор лигата е место каде најмладите учат ракомет, ги надградуваат вештините, техниките, како и спортските навики. Добиваат можност да се дружат со деца кои ја делат истата страст – ракометот, но и да се надигруваат. Развиваат здрава амбиција, желба за победа и истрајност да не се откажат додека додека го слушнат судиското свирче. Лигата дава можност за помладите играчи да се натпреваруваат и во тимови со постари ракометари и да покажат колку научиле. Одлуката да се вклучат во постари тимови ја носат тренерите – понекогаш зашто играчите се подобри, понекогаш зашто немаат доволно играчи во постарата категорија. Во двата случаи – бираат деца кои можат да одговорат на предизвикот. Но, токму тоа е и она што најмногу ги радува помладите ракометари – можноста да научат повеќе од постарите противници и побрзо да се развиваат.

За предизвикот и напорот како е да се игра со постари, но и со помлади соиграчи разговараме со Сара, Борјана, Јана, Бојана, Јована и Магдалена. Овие девојчиња се дел од тимовите на Ново Лисиче Вардар. Сара Стојковска и Јана Василева се дел од генерацијата 2002/2003, додека близначките Бојана и Борјана Коцеви, Магдалена Тошевска и Јована Трајановска се натпреваруваат во две категории – 2002/2003 и во 2004/2005.

Голманот Сара е родена 2003 година, а веќе две години тренира ракомет зашто и се допаднал како тимски спорт. Ова и е втора година во лигата, а вели дека е добар проект зашто од мала возраст ги учи децата како да се снајдат на терен.

„Годинава е добро како и минатата година. Но, сега веќе имаме другарчиња од лани. Пробуваме да се запознаеме со повеќе деца и се трудиме да се дружиме како на терен така и надвор од него. Лани игравме и повеќе пријателски натпревари, но годинава поради тренинзи немаме многу време, но успеваме да се видиме и да се дружиме”, вели Сара.

За помладите играчи во нејзиниот тим вели:

„Бојана, Борјана, Магдалена и Јована не се случајно ставени и во постарата група, тоа е поради тоа што можат да го издржат напорот. Во тимот сите сме сплотени и за време на натпревар нема голема разлика меѓу девојките од 2002/2003 генерација и тие од 2004/2005. Битно е дека јас верувам во тимот и тој во мене, имаме поддршка и од тренерите и имаме добри резултати”, вели Сара.

Борјана Коцева ракомет почнала да тренира пред 4 години, заедно со сестра и Бојана. Вели дека се близначки и дека не сакаат да се делат и затоа заедно го бирале спортот.

„Ни се допадна како нѐ прифатија на првиот тренинг во Ново Лисиче Вардар и двете продолживме да тренираме. Лани игравме само во категоријата 2004/2005, и првиот натпревар го игравме против Општина Кисела Вода Вардар. Иако имавме многу трема, сепак победивме. И во следните натпревари собравме многу искуство кое сега ни помага да се снајдеме на натпреварите и со постарите. Годинава играме во два тима, и не е тешко. За да се успее треба да се сака да е победи, да се даде гол, но и да се внимава како се игра. Со време станавме и посилни така што не ни е тешко да се спротивставиме на постарите. Всушност затоа и се вклучив во лигата – да стекнам повеќе знаење и да вложам повеќе труд за да можам да одам на повисоко ниво”, вели Борјана.

Капитен на тимот во 2002/2003 е четиринаесетгодишната Јана Василева која тренира веќе 5 години.

„Во клубот сум од почеток и тогаш не бевме добри како сега. Но со тек на време и со напорни тренинзи имаме многу подобри резултати. Тренираме 3 пати неделно по 2 часа. Нас ни се тренери Анжела Платон, Марија Аврамовска и Ана Деспотовска. Тие многу работат со нас и на тренинзи ни укажуваат на грешките и се трудат да ни ги пренесат нивните искуства. На почетокот на лигата не бевме добро воиграни, но се надевам дека во втората сезона ќе постигнеме подобри резултати. Оваа е место каде можеме да се запознаеме и со многу деца и да создадеме нови другарства. На натпревар давам се од себе, и вообичаено не ги бројам головите, некогаш имам 2-3, но во добри денови имам и 7-8 гола на натпревар. Сакам да давам голови и да играм добро, како и мојот идол Андреа Пенезиќ”, вели капитенот Јана.

Најголем предизвик за екипата е да ги победат Шампион Вардар во генерација 2002/2003. Едноставно и на близначката Бојана Коцева (12 години) поинтересни и се натпреварите во постарата категорија.

„Супер е кога се натпреварувам со постари, зашто стекнувам нови знаења во ракометот и многу повеќе напредувам. Вежбам напорно, со тренерите имаме кондициони тренинзи, а потоа се подготвуваме и за натпреварите и како тим можеме да ги совладаме и постарите. Лигата е многу добра можност да се подобриме, да стекнеме нови занења и да напредуваме. Игравме еден натпревар и во Велес и си поминавме одлично, ми се допаѓа што може да патуваме и во други градови”, вели Бојана.

Нејзината врсничка Јована Трајановска игра пиекр, а ракомет тренира три години. Вели дека понекогаш чуствува трема, но конструктивна која и помага подобро да игра.

„Ова ми е втора година во лигата. Првата година играм само со генерацијата 2004/2005, а годинава имам можност и со 2002/2003 и со нив ми е поинтересно зашто е поголем предизвик. Не се заморуваме зашто играме повече или посилни натпревари, нас ни е задоволство да играме, тоа го сакаме и цел ни е што повеќе да играме. Се надоградуваме и со нови знаења, на некој начин учиме и од противничките тимови и се движиме кон нашата цел. Всушност цел на секоја од ракометарките и е цел да стане врвна ракометарка и да игра со првиот тим на Вардар. Лани играв и на зимскиот турнир и тоа беше ново интересно искуство зашто имаше повеќе екипи и се спријателивме со многу повеќе деца”, вели Јована.

Магдалена Тошевска ја гледаме на позициите лев бек и центар во тимовите.

„Имам 12 години веќе три години тренирам ракомет, а почнав заради мојот идол Андреа Пенезиќ. Некои мои другарки исто така тренираа и сакав да се обидам со друг спорт освен одбојка. И ракометот ми се бендиса зашто е спорт каде има контакт со противничките играчи. Не можам да кажам дека со постарата категорија ни е потешко, зашто зависи кој е противничкиот тим. Сите во тимот имаме проблем ако играме против подобар тим. Во двете екипи игра и Марија Спасовска, која денеска ја разби тремата да игра со постари. За нас се поинтерени натпреварите со 2002/2003 зашто се поголем предизвик. Најголем предизвик ни е да го победиме Шампион Вардар, од кого загубивме во првиот натпревар и сакаме реванш”, вели Магдалена.

Девојките од Ново Лисиче Вардар си посакаа и новогодишна желба, и во двете категории да стигнат до првите позиции.

loading...

Слични објави

Членарини во фитнес центарот Cybex

Најопремениот фитнес центар, теретаната каде тренираат ракометарите и