ПОТПИШЕТЕ СЕ: Македонците во Германија бараат властите да ја признаат возачката дозвола

Група поединци во Германија покренаа иницијатива со која бараат од тамошните власти да ја признаат македонската возачка дозвола, која во оваа земја се уште не важи, што претставува голем проблем за македонските иселеници.

Македонците кои живеат и работат во Германија за таа цел отворија интернет-петиција, за која е потребно да се соберат 50 илјади потписи за да биде успешна.

Нужноста да македонските возачи за повторно полагање на возачкиот испит е додатен финансиски како и временски трошок, но пред се, пречка во извршување на работните и секојдневните обврски соопштуваат иницијаторите на петицијата.

Петицијата може да ја потпишете на следниот ЛИНК.

loading...

КОМЕНТАРИ