Поглед кој ќе ви го стопи срцето: Напуштено куче скитник го пуштиле во кафуле, никој не можел да му одолее

Фотографијата на куче скитник кое келнер во едно белградско кафуле го пуштил во угостителскиот објект да се угрее, го освои целиот регион.

Кучето поради чинот на човечност една од гостинките во кафулето ја наградил со прегратка и поглед во кој се гледа длабока благодарност, пишува Блиц.

На Балкан моментално владеат поларни температури и голем број животни без дом мрзнат на улиците. Барем неколку  минути на топло, малку храна и вода која не се претворила во мраз – на напуштените животни моментално им значи се. Затоа ако имате можност во овие зимски денови примете напуштено животно во својот топол дом и дадете му барем малку љубов. За секогаш ќе ви бидат благодарни. Доброто со добро се враќа!

loading...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *