ПЕКАРА СПЕЦИЈАЛ СО НОВОГОДИШНО ИЗНЕНАДУВАЊЕ ЗА ДЕЦАТА ОД “ЈУ ДОМ ЗА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ – 11 ОКТОМВРИ”

- Категорија: Економија

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, мотивирани од идјеата дека секој човек треба да ја почувствува топлината и среќата на новогодишните празници, вчера  компанијата специјал ги изненади децата “ЈУ Дом за деца без родители – 11 Октомври”, подарувајќи им “Специјални” пакетчиња со разни производи од Специјал, како и новогодишен подарок.

“Срцата ни се испонети бидејќи денес успееме да предизвикаме барем една насмевка кај лицата кои во овој момент имаат најголема потреба од внимание и грижа. Секое дете заслужува и има право на новогодишна радост и среќа. Ќе ја искористам оваа прилика во името на нашата компанија Специјал, на сите да им  посакам најубави желби за Новата Година, како и да ги поттикнам сите оние кои се во можност, со својата хуманост да ги разубават и развеселат празниците на дечињата кои не се во можност од различни причини да се радуваат на новогодишните празници како останатите”, изјави Илија Трајковски- оперативен директор во Специјал.

Во предновогодишен амбиент и одлична атмосфера, дечињата се прошетаа низ фабриката на Специјал, а од вработените научија многу нови работи за пекарството и слаткарството. За време на заедничкото дружење децата се веселеа на изненадувањето и вниманието кое го добија од компанијата Специјал, која имаше за цел да им пружи различно од вообичаените,заедничко дружење, кое ќе остане засекогаш во сеќавањето на овие деца.

loading...

Слични објави

Бизнис Конфедерација на Македонија на средба со компаниите од кавадаречко – неготинскиот регион

(Кавадарци, 21.02.2017) – Кои се приоритетите, какви се