Младинците и кадетите на Вардар поразени од Шкендија

Младинската екипа на Вардар во рамките од 20. коло од Супер Лигата е поразена во дербито против Шкендија со 3:0. Со тоа на две кола пред крајот на сезоната тетовскиот тим има предност од три бодови на првото место на табелата, со оглед дека пред ова коло двата тима беа израмнети на табелата.

 

Кадетската екипа на Вардар и покрај водството стекнато во 71. минута со голот на Јахја, сепак, најпрво со гол од пенал а потоа и од игра Шкендија дојде до пресврт и од трите бода од овој натпревар.

МЛАДИНЦИ

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР 3:0 (2:0)

Игралиште во Голема Речица.

Судија: Марјан Стојановски (Кичево).

Стрелци: 1:0 Зејнулаи 13’, 2:0 Бајрами 34’, 3:0 Бајрами 47’

Ж. Картони: Лума, Зеќири (Ш) – Личина, Димков, Тодороски.

ШКЕНДИЈА: Ибраими, Шабани, Фазлагиќ, Бекири, Касами, Шефити, Агуши, Чиљафи, Бајрами, Лума, Зејнулаи.

Уште играа: Љоки, Беќири, Алити, Зеќири, Хусејни, Асани.

ВАРДАР: Трајчевски, Тодороски, Ричков, Исмаил, Личина, Димков, Додевски, Димитровски, Стојчевски, Колевски, Даци.

Уште играа: Џуклески, Најдоски, Маркоски, Хамзиќ, Тодоровски.

 

КАДЕТИ

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР 2:1 (0:0)

Игралиште во Голема Речица.

Судија: Александар Грујоски (Кичево).

Стрелци: 0:1 Јахја 71’, 1:1 Расими 76’ (п), 2:1 Расими 81’

Ж. Картони: Расими, Ајрули, Арифи (Ш) – Јордановски, Серафимов (В).

Ц. Картон: Гафур 83’

ШКЕНДИЈА: Чадороски, Мислими, Ибрахими, Имери, Османи, Реџепи, РАсими, Ајрули, Арифи, Гафур, Љоки.

Уште играа: Таири, Асани.

ВАРДАР: Денковски, Антовски, Тодоров, Јордановски, Серафимов, Насковски, Бериша, Стојчевски, Јахја, Скендерски, Трајчевски.

Уште играше: Стоименов.

ПОБЕДА И ПОРАЗ ЗА ПИОНЕРСКИТЕ ЕКИПИ

Во одлична игра и доминација, пионерската екипа на Вардар го доби дуелот со Шкендија со 4:1 на натпревар одигран денеска на теренот на Фудбалската Академија на ФК Вардар. Нашите пионери имаа проблеми само пред крајот на полувремето кога противникот намали на 2:1, но потоа со два гола во вториот дел успеаја да го решат натпреварот во своја корист и да дојдат до победата. Во победата Реџепи постигна два гола, и по еден дадоа Антовски и Адем.

Помладите пионери, пак, беа поразени од истиот противник. И покрај водството од 1:0, сепак, за само две минути Шкендија дојде до пресврт, а потоа и до убедливи 1:4. Во финишот од средбата Димоски само намали на 2:4.

ПИОНЕРИ

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА 4:1 (2:1)

Игралиште: Фудбалска Академија ФК Вардар.

Судија: Дејан Димитријевиќ (Скопје).

Стрелци: 1:0 Реџепи 3’, 2:0 Реџепи 10’, 2:1 Мемиши 39’, 3:1 Антовски 43’, 4:1 Адем 49’

Ж. Картони: Димов, Ѓорѓиески, Адем (В) – Мазлами (Ш).

Ц. Картон: Р. Рамадани 24’ (Ш)

ВАРДАР: Тимевски, Радевски, Стојчески, Пешевски, Ѓорѓиески, Димов, Дарлишта, Адем, Стојаноски, Реџепи, Битиќи.

Уште играа: Андовски, Бериша, Наумчески, Филипоски, Благојевиќ, Каркалашев-Трајковски.

ШКЕНДИЈА: Беџети, Рамадани, Мустафа, Рамиќ, Каримани, Шахини, Љума, Јакупи, Р. Рамадани, Ф. Рамадани, Мемиши.

Уште играа: Мазлами, Абази, Бакија, Тачи.

 

ПОМ. ПИОНЕРИ

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА 2:4 (1:2)

Игралиште: Фудбалска Академија ФК Вардар.

Судија: Влатко Ѓошевски (Скопје).

Стрелци: 1:0 Мартин Спировски 4’, 1:1 Ајдини 10’, 1:2 Даути 12’, 1:3 Ајдини 45’, 1:4 Демири 53’, 2:4 Димоски 74’

Ж. Картони: /

ВАРДАР: Андов, Ѓурковски, Мирчевски, Манасиевски, Бојковски, Марио Спировски, димоски, Мартин Спировски, Астарџиев, Николов, Илиевски.

Уште играа: Апостоловски, Асенов, Хасановиќ, Хасиќ, Кртовски, Ристовски.

ШКЕНДИЈА: Рамадани, Јусуфи, Имери, Демири, Мурати, Реџепи, Ајдини, Даути, Таири, Алии, Ебиби.

Уште играа: Нуредини, Мемиши, Фетаи, Имери.

 

ДЕТСКА ЛИГА: СИТЕ ПОБЕДИ ЗА „ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ“

На ред се елиминационите натпревари во Детската Лига во кои што сите екипи на Вардар обезбедија учество во следните фази.

Еве ги резултатите од сите натпревари одиграни денеска:

ГЕНЕРАЦИЈА 2004 ГОДИНА:

Вардар 1 – Работнички 5:3 (Мат. Софијановски 2, Гуџуфи 2, Мар. Софијановски)

Вардар 2 – Смилковци 8:0 (Стојановски 3, Попов 2, Ричков, Здравковски, Каровски)

ГЕНЕРАЦИЈА 2005 ГОДИНА:

Вардар 1 – Форца 2:1 (Јовановски, Досев)

Вардар 2 – Хет Трик 9:0 (Цветков 3, Лефковски 2, Радевски, Коневски, Наумовски, Таневски)

ГЕНЕРАЦИЈА 2006 ГОДИНА:

Вардар 1 – Албион 6:1 (Голубов 3, Николовски 2, Сековски)

Вардар 2 – Работнички 2  8:0 (Порчу 2, Симоновски, Настевски, Михајловски, Цветковски, Ивановски, автогол)

ГЕНЕРАЦИЈА 2007 ГОДИНА:

Вардар 1 – Нова Колонија  3:2 (Мицевски, Грашески, Шаботиќ)

Вардар 2 – Металург  10:1 (Котевски 3, Радески 2, Јовановски 2, Стојановски, Манчев, Кузаревски)

ГЕНЕРАЦИЈА 2008 ГОДИНА:

Вардар 1 – Смилковци  3:0 служ.

Вардар 2 – Работнички  10:0

 

ВАРДАР ЈУНИОР ЛИГА

Во неделата се одигра ново коло од Вардар Јуниор Лигата. Две категории на дечиња во Виница одиграа четири натпревари, а еве ги постигнатите резултати:

ГЕНЕРАЦИЈА 2007 ГОДИНА:

Плачковица Радовиш – Слога 1934 Вардар Виница 3:2

Фудбал Старс Кочани – Рудар Јуниор Пробиштип 1:5

ГЕНЕРАЦИЈА 2008 ГОДИНА:

Фудбал Старс Кочани – Рудар Јуниор Пробиштип 5:3

Плачковица Радовиш – Слога 1934 Вардар Виница 2:4

 

ГЕНЕРАЦИИ 2002 И 2003 ГОДИНА

Генерациите 2002 и 2003 година на Вардар ова коло одиграа неофицијални натпревари против тимот на Ново Лисиче. Генерацијата 2002 година издвојува победа од 10:0 над својот противник, додека генерацијата 2003 беше подобра од Ново Лисиче победувајќи го овој тим со 5:1.

loading...

КОМЕНТАРИ