Младинските категории стартуваат од 20 јануари

- Категорија: Спорт

Овој месец свој почеток на подготовките ќе имаат и младинските категории. Од 20 јануари па натаму сите помлади категории на “црвено-црните” ќе почнат со тренинзи и ќе се подготвуваат за пролетниот дел од сезоната каде што неколку категории се во трка за титулите.

“Натпреварувачките категории како младинците, пионерите и сите кои имаат првенствени мечеви стартуваат на 20 јануари. Другите категории нешто подоцна, но од 20 јануари почнува подготвителниот период”, вели координаторот на младинската школа Саше Милошевски.

Тренинзите на сите категории ќе се одработуваат на теренот на Фудбалската Академија на ФК Вардар. Исто така за подобро воигруваење ќе се играат и пријателски мечеви во текот на подготвителниот период.

loading...

Слични објави

Рекреирајте се за половична цена во ТК Теннис Парк во недела

ТК Теннис Парк при СЦ „Јане Сандански” реши