Љубовна драма во Гостивар: Тетовка грабната од поранешниот љубовник

- Категорија: Црна хоника

Надворешната канцеларија за кривични работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.Д. (40) од село Жеровјане поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „грабнување“.

На 5 ноември 2016 година во 23:30 часот на ул. “Живко Брајкоски“, во Гостивар  пријавениот дошол со своето возило пред угостителски објект каде што била оштетената од Тетово во друштво со нејзин пријател Р.Б., а со којашто пријавениот бил во претходна љубовна врска.

С.Д. излегол од своето возило и дошол до возилото каде што била оштетената и со закана дека поседува пиштол успеал да го извади од возило Р.Б. кој избегал од самото место, а пријавениот седнал на возачкото место.

Откако истиот останал сам со оштетената го ставил возилото во погон и со закани ја присилил оштетената да остане во возилото и упатиле кон село Чајле.

За цело време пријавениот кон неа упатувал закани дека истиот подолг временски период ја следи, сериозно заканувајќи и се по нејзиниот живот. При тоа во еден момент пријавениот два пати ја удрил со рака во пределот на лицето.

Кога стигнале во селото возилото било запрено од страна на полициски службеници и по пријава на оштетената пријавениот бил лишен од слобода и приведен во ПС Гостивар.

loading...

Слични објави

Избувна пожар во зграда во центарот на Прилеп

На 23.01.2017 година во 23.00 часот во Прилеп