Какво ќе биде времето денеска и наредните 5 дена

- Категорија: Македонија

Денес е среда, 11 јануари 2017 година, 11-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:55, а ќе зајде во 16:28 часот. Денот ќе трае 9 часа и 33 минути.

Во Македонија во среда имаме малку постудено утро во однос на вчерашното, особено во северните и северозападните предели каде што ова утро имаме и намалување на облачноста. Во останатите предели преовладува претежно облачно и студено време.

МАКЕДОНИЈА – Во текот на денот ќе преовладува умерено облачно време со услови за повремени сончеви периоди и студено. Во југозападните, јужните и југозападните предели со услови за провејување на слаб снег кој во доцните попладневни часови ќе престанува. Ќе дува доумерен слаб ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се движат во интервал од -21 до -9 степени, додека пак максималните ќе бележат благо покачување  и ќе се движат од -10 до -1 степен.

СКОПЈЕ – Во Скопје денеска умерено облачно време со повремени сончеви периоди и студено време. Ќе дува доумерен слаб ветер. Утринската температура од -15 степени, додека пак максималната дневна ќе достигне до -5 степение.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во четврток претежно сончево со локална облачност и малку потопло, но и понатаму под просекот за овој период од годината. Утринските од -18 до -8 степени, додека пак максималните од -8 до 1 степен. Во петок умерено облачно време со повремени сончеви периоди, додека пак во крајните северозападни и западни предели постојат услови за слаби врнежи од снег. Минималните температури од -12 до -3, додека пак максималните од -4 до 5 степени. Во сабота умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, додека над 800 метри се очекуваат врнежи од снег. Утринските температури од -5 до 3, додека пак дневните од -1 до 7 степени. Во недела умерено облачно со повремени сончеви периоди и постудено време со опаѓање на температурите, максималните ќе се движат од -2 до 6 степени, според Weather4All.

loading...

Слични објави

Какво ќе биде времето од денес до недела и состојбата на патиштата во Македонија

Порадни снежни врнежи: Забрана за сообраќај на тешки