Како да согориме повеќе калории на трака за трчање?

- Категорија: Фитнес

Особено во овој период од годината, поголем број тренинзи се од затворен тип. Кога трчањето покрај кеј го заменуваме со трчање на трака во теретана, убаво е знаеме дополнителни начини за согорување повеќе калории.

Се подразбира, советите ги добивате од најдобриот тим на инструктори во фитнес центарот Cybex.
Прво, најважно е формата на телото да е правилна. Доколку ви треба помош, побарајте од нашите фитнес инструктори да ви покажат и помогнат.

Познато е дека со интервалите согоруваме повеќе калории. Константно одржување на брзината е одлично доколку се трчаат долги стази. Почнувајќи од нормално темпо, па сé до спринт, овозможува  градење на издржливост и подобрување на темпото и времето.

Согорувате повеќе калории, воедно и стомакот се израмнува. Брзината зголемувајте ја постепено.
За да ги затегнете мускулите, ве советуваме да ја прилагодите траката висински (
Incline), бидејќи висинското качување особено помага за зацврстување на нозете. Исто така, прилагодете ја брзината за да можете да правите поголеми, долги чекори.

Додека трчате, обидете се да не се држите за машината, на тој начин ги движите и рацете и целиот горен дел од телото.

Фитнес инструкторите ја препорачуваат 10-20-30 формулата, односно со поспоро џог темпо трчајте 30 секунди. Потоа, во наредните 20 секунди трчајте со вашето нормално темпо и последните 10 секунди трчајте спринт, најбрзо што можете.

За повеќе информации посетете ја нашата веб страницаwww.scjanesandanski.mk, или следете нè на Facebook и Instagram.

loading...

Слични објави

Промотивна понуда за неограничени спа во Anne Semonin и фитнес во теретаната Cybex

Фитнес центарот “Cybex” и Спа Центарот “Anne Semonin”