Испливаа ФБИ документи кои го обелоденија вистинскиот ТИТО- конечно јасно кој ја водел Југославија

Маријан Џон Маркул на 20. април 1955 година влегол во канцеларијата на ФБИ во Лос Анџелес и раскажал шокантна приказна. Човекот, кој тогаш се преттсавувал како маршал Јосип Броз Тито всушност не е вистинскиот Тито, туку руски агент, кој го преземал идентитетот на Тито, бидејќи вистинскиот Тито исчезнал во Русија во 1937 година.

Стојат и ФБИ забелешките од почетокот на мај 1955 година, кои неодамна биле отворени и јавно обелоденети.

Маријан Маркул е роден во Ливна 1909 година, а во САД се доселил во 1936, додека пак државјанството го добил во 1944 година.

Во извештајот пишува дека не е сигурно колку информациите што тој ги изнесува се точни, но се наведува и неговата теорија дека тој е „социјалист и дека сака да даде информации, кои би можеле да бидат од важност за безбедноста на САД“.

Тој вели дека ја посетил Југославија во 1953 година и во два наврати се сретнал со Тито. Првиот состанок траел 1 час. Маркул тврди дека вистинскиот Тито го изгубил средниот прст и пказалецот на левата рака, а дека Тито со кој тој разговарал имал по 5 прсти на секоја рака. Додал дека „лажниот“ Тито бил добро образован и одлично свирел клавир, а дека вистинскиот бил необразован и не знаел да свири клавир.

Покрај тоа, Маркул тврди дека Јосип Броз бил висок околу 180 сантиметри, додека „лажниот“ бил висок околу 160.Маркул рекол дека човекот кој во 50-те му се претсавувал како Тито говорел со благ руски акцент и доста благо, а вистинскиот Тито зборувал одречно и остро.

Маркул тврди дека вистинскиот Тито бил доста болежливи имал туберколоза и дека исчезнал во 1937 година.

По средбата со маршалот во 1953 година, Маркул ја посетил сестра му во Загреб со која поразговарал на оваа тема и таа му рекла дека таа и нејзиниот сопруг се сомневаат во истотот и дека таа приказна кружи низ цела Југославија. Маркул тврди дека и неговиот татко го познавал вистинскиот Тито, бидејќи работеле во ист град и дека и тој се согласува дека станува збор за две различни личности.

Вториот состанок со маршалот, Маркул го имал во Загреб, но тогаш „лажниот“ Тито целосно го игнорирал Маркул. По тој состанок, Маркул разговарал со Александар Ранковиќ, за кој тврди дека всушност бил најмоќниот човек во Југославија.

Ранковиќ и Маркул биле заедно во затвор поради синдикатски делувања и во тој период се зближиле. Поради тоа, Маркул отворено му рекол дека знае дека Тито во соседната соба е лажго.

Ранковиќ бил главниот човек задолжен за безбедноста во Југославија, кој на сомнежите на Маркул рекол дека не треба да се занимава со тие работи и да ужива во престојот во Југославија, што само го подгреало сомнежот.

Маркул раскажал сѐ на агентите на ФБИ, ги обвинил југословенските власти за соработка со Советите и рекол дека во рок од 4 до 5 месеци на сите ќе им биде јасно сѐ. Продолжил со обвиненија и рекол дека човекот кој се претставува како Тито, всушност е руски агент и дел од Советскиот Сојуз.

И самиот Маркул рекол дека поминал неколку години во Русија и дека му се чини дека видел многу руски агенти на улиците на Југославија. Во 1930 година отишол во Русија, бидејќи мислел дека таму друштвото е добро средено, но подоцна е уапсен бидејќи не ги исполнувал работните квоти. На американските агенти им рекол дека 3 години подоцна избега од Русија преку Сибир.

Маркул тврди дека југословенските власти се преправале дека постојат несогласувања меѓу нив и СССР, за да добиваат помош од САД, но дека всушност за тоа не постои вистинска причина.

loading...

КОМЕНТАРИ