Игор Џамбазов во новата претстава на МНТ „Говорна маана“

Дејствието на „Говорна маана“ се одвива во театар, во гримиорна на еден актер, првенец, на крајот на неговата кариера. Тој се штити себе си така што ги затвора очите пред општествената реалност и бега во илузиите кои му ги овозможува театарот, се дури одбегнувањето на околностите не го направат невозможно. На спротивната страна е млад човек со кариера која ветува…

Во Македонскиот народен театар (МНТ) започнаа пробите за новата претстава „Говорна маана“, работена според текстот на современиот автор Горан Марковиќ и во режија на Драгана Милошевска, чија премиера се очекува кон крајот на месец февруари, соопштија од МНТ.

Во главните улоги настапуваат Игор Џамбазов, Ивица Димитријевиќ и Сашка Димитровска водени од режисерката Милошевска. Костимографијата и сценографијата се на Илина Ангеловска.

Текстот „Говорна маана“ е напишан во деведесетите години, а Марковиќ е автор кој со голема искреност влегува во натпревар со сите опасности кои не загрозуваат, укажува на состојбата и поставува дијагноза и на поединецот и на заедницата. Овој автор не потикнува да се судриме и соочиме со реалноста.

Дејствието на „Говорна маана“ се одвива во театар, во гримиорна на еден актер, првенец, на крајот на неговата кариера. Тој се штити себе си така што ги затвора очите пред општествената реалност и бега во илузиите кои му ги овозможува театарот, се дури одбегнувањето на околностите не го направат невозможно. На спротивната страна е млад човек со кариера која ветува… Се разбира и една актерка. Раскошно напишаните ликови преиспитувајќи ја сопствената морална одговорност не соочуваат со нашите склоности кон прикривањето на одговорноста и соучеството.

Ова е една прекрасна приказна која се случува во театар, која е толку блиска, отвора многу прашања и иницира да се преиспитаме за тоа каков е светот во кој живееме и дали и самите учествуваме во прифаќањето на истото, свет во кој владее теророт на успехот, совршенството и надпросечноста.

На режисерката Милошевска ова не и е прва соработка со МНТ – во 2008 година на сцената на Македонскиот народен театар ја постави пиесата „Дундо Марое“ од авторот Марин Држиќ, несомнено една од најпознатите комедии на балканските простори.

Милошевска зад себе ги има веќе успешно поставено претставите: „Демонот од Дебар маало“, „Калеш Анѓа дефинитивно“, „Хасанагиница“, „Пипи долгиот чорап“, „Мизантроп“ и други.

loading...

КОМЕНТАРИ