Храна со помалку од 50 калории

Во продолжение прочитајте за храната која содржи помалку од 50 калории. Овие видови храна ќе ви помогнат да ги скратите калориите во вашите секојдневни оброци, воедно ќе направат да се чувствувате сити и ќе ја задржите вашата линија.

Карфиол
Карфиолот е голем извор на витамин Ц и Б, и многу минерали кои го чуваат вашето здравје. На 100 грама карфиол има околу 25 калории.
Целер
Целерот е природен чистач на организмот. Листовите се богати со витамин Ц и каротин, а коренот содржи калиум, калциум и фосфор. Исто така, има и глутаминска киселина, диетални влакна, рибофлавин и хлорофил.
Спанаќ
Благодарение на истакнатите мускули на Попај, ова растение е познато по својството кое го има за градење на мускулите. Исто така, богат е и со омега 3ѕ и фолна киселина.
Кисели краставички
Апсолутно може да се конзумираат без никаква грижа на совест. Имаат само по 16 калории.
Печурки
Ниско калорични, а богати со растителни влакна. Совршена комбинација за вашето главно јадење, или пак за вечера доколку ги комбинирате со зеленчук во салата.

Инструкторите во фитнес и аеробик центарот во СЦ „Јане Сандански“ препорачуваат воведување на овие продукти во исхраната, како би можеле да уживате и во празничната трпеза, но и да внимавате на внесување на калории во организмот.

loading...

КОМЕНТАРИ