Градот кој нуди вистински одмор и спокој – Кратово

Кратово е стар и древен град кој е сместен во пазувите на Осоговските планини. Град со богато културно и историско наследство кои сведочат за една богата историја, споменици кои не враќаат во минатото и ни ги покажуваат почетоците на градот. Град кој се разликува од останатите по своите обележја , по кулите, мостовите, специфичната градба на куќите, градските чешми, по специфичните специјалитети.KratovoСекое место е со своја посебна приказна. Веднаш штом пристигнете во градот можете да ги забележите импозантните камени кули кои се распоредени низ градот. Тоа се : Симиќевата кула, Саат кулата, Златкова кула, Крстева кула, Еминбегова кула и Хаџи- Костова кула. Секоја кула со свој специфичен белег. Додека ги разгледувате кулите, неможете а да не ги забележите мостовите кои го поврзуваат едниот со другиот дел од градот. Секој мост со специфична камена градба , кој ве тераат да се запрашате како човечката рака направила такво совршенство, прецизно изработено секој дел од камен.Most vo KratovoЧаршиски, Грофчански, Аргулички, Јоркширски и најпознатиот Радин мост кој лежи на две средовековни кули се места кои не треба да се пропуштат во секој случај. При посетата на Кратово неможете а да не ја забележите и Ајдучката чаршија во центарот на градот, како и неколкуте цркви Свети Никола и Свети Јован кои располагаат со иконостас стар уште од 16 век, но добро сочуван како и црквата Свети Ѓорѓи која го носи името на нашиот заштитник на градот.Kuli vo KratovoДобрата прошетка на градот неможе а да не се заокружи со добар ручек со некој традиционален специјалитет во некоја од градските кафеани. Кога е во прашање храната тогаш тешко човек може да избере бидејќи има широк избор на вкусни традиционални јадења кои го задржале стариот начин на приготвување. Тука пред се пастрамајлиите, потоа зелниците, мантиите, различните чорби. Но што е најбитно од се храната и пијалоците во Кратово се со далеку пониска цена во однос на останатите градови. И тоа е само еден дел што може да се види во Кратово, се она што навистина поседува може само да се почуствува и да се види бидејќи со зборови тешко е да се долови целата историја на овој град. Чудесна е оваа наша земја Македонија, во секој нејзин дел неоткриена убавина, време е да ја запознаеме!

текст: Јаковски Славица

loading...

КОМЕНТАРИ