Saturday, 1/11/2014 | 10:09 UTC+1
Турлитава

ФОТО: Гламурозната и уникатна венчаница од ЈЗЈ

Post by relatedRelated post

User Rating

JZJ vencanica 7Еве што ни изјави Златко Јовановски за неговата прва и уникатна венчаница:

„Јас сум многу среќен што дамата ми веруваше за фустанот за нејзиниот најпосебен ден во животот. Тврдам дека секоја жена има право да се чувствува како дива, принцеза или кралица на сопствената свадба… Моменти и слики кои вечно се паметат.

Можам да кажам дека едно е сигурно, жените кои носат JZJcouture се чувствуваат гламурозно, елегантно, неедноставно, и секси. Кога чекорат се со огромна самодоверба и женственост.

Ќе додадам дека сите украси на венчаницата се рачно шиени и тоа: 3кг бисери, 98 цветови работенабисерна чипка, 40м траки чипка и многу часови работа. Се погрижив и за орнаметиката на чевлите и истите да ја добијат својата градина, како и за аксесоарите.

После ова јас сум многу среќен. Од овој момент жените кои што веруваат во себе и ја обожаваат естетиката имаат можност да го добијат својот „couture“ фустан или венчаница преку контакт на мојата фан страница на Фејсбук.“

Во продолжение погледнете како изгледа гламурозната венчаница изработена од Златко Јовановски.

Коментари

Последни твитови

  • Овие новогодишните празници ќе бидат едни од најтажните. Почина Дедо Мразот од рекламите на Кока Кола - http://t.co/xIMveg9MTV 18 hours ago

  • Оваа сезона во НБА лигата играат рекордни 101 странец од 37 земји - http://t.co/S4NxKulpAd 18 hours ago

FACEBOOK