Државно првенство во тенис во Теннис Парк

Овој викенд од 19-22.05.2017, на терените на ТК „Теннис Парк” ќе се одржи Државното првенство во тенис за јуниори и јуниорки до 14 години.

Натпреварите ќе се играат на четирите земјени терени во Теннис Парк. Отвореното првенство започнува денеска (19.05.2017) од 09:00 часот по претходно направен распоред за играње.

Ги покануваме сите љубители на тенисот во нашиот кафе-бар, каде може да се опуштат со кафе или некој друг освежителен пијалок и истовремено да ги следат натпреварите.

Повеќе информации на телефон: 070 385 021 и на tennispark@scjanesandanski.mk

loading...

КОМЕНТАРИ