Дали се грижиме како возиме? Како до побезбедни сообраќајници

Секоја година се зголемува бројот на сообраќајни незгоди, а се зголемува и бројот на жртвите и повредените лица. Во 2016 година, на патиштата на Република Македонија животот го изгубиле вкупно 165 лица. Оваа бројка говори дека нашите сообраќајници не се безбедни и дека одговорноста ја носиме самите, затоа што недоволно внимаваме како возиме. Тоа го потврдува и фактот дека половината од жртвите или вкупно 88 се возачи на моторните возила.

Потребата од поголемо внимание во сообраќајот е евидентна и токму затоа компанијата ОКТА создаде национална кампања за зголемување на свеста за потребата од побезбедни сообраќајници. Наречена едноставно „Јас внимавам“, оваа кампања има за цел да ја истакне важноста за унапредување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, ставајќи посебен акцент на децата и младите.  Преку креативни решенија, чести активности па дури и награди, кампањата се обидува да поттикне и да потсети за потребата од доследно почитување на сообраќајните правила и знаци. Задолжително користење сигурносен појас за сите патници во автомобилот, носење заштитен шлем за мотоциклистите, прилагодување на брзината на условите на патот, почитување на сообраќајната сигнализација, употреба на детско седиште во автомобил, користење мобилен телефон додека возиме и возење под дејство на алкохол се сообраќајните правила кои најчесто се прекршуваат.

Недоволното внимание и несовесното однесување  во сообраќајот придонесе за значително зголемување на бројот на загинати лица во земјава.  Во 2016 година  статистиката бележи пораст од 17 настрадани лица, споредено со 2015 година. Во сообраќајните незгоди најчести жртви се возачите, но подеднакво настрадуваат и сопатниците и пешаците. Од вкупно настраданите лица во 2016, 42 биле сопатници, а 35 пешаци. Тоа укажува на потребата дека одредени активности треба да бидат насочени и кон овие учесници во сообраќајот. Кампањата „Јас внимавам“ за таа цел подготви програма и за апелирање кон пешаците и патниците во автомобилите, за велосипедистите и за мотоциклистите, за сите подеднакво да ги почитуваат правилата и прописите, пред сè за сопствена безбедност.

Во фокусот на кампањата влегуваат и најмладите учесници во сообраќајот, кои преку креативни активности како театарска претстава и боенки се едуцираат за основните сообраќајни правила. Преку кампањата, компанијата ОКТА донира сообраќајни полигони во повеќе основни училишта ширум земјава, на кои децата на интерактивен начин ќе можат да ја стекнуваат основната наобразба за безбедно учество во сообраќајот.

Кампањата е целосно поддржана од Министерството за внатрешни работи, со чија помош и се спроведуваат активностите. Потребата од и вредноста на кампањата „Јас внимавам“ ги препознаа и бројни јавни личности кои ја дадоа својата поддршка и со своето влијание повикуваат на поголема свесност и внимание во сообраќајот.

loading...

КОМЕНТАРИ